Една од најголемите легенди на ракометниот клуб Вардар, руското крило Тимур Дибиров, преку социјалните мрежи им даде поддршка на неговите довчерашни соиграчи од Вардар 1961, кои на пенали загубија од Нексе.
Ако победеа Вардарци, на фајналфорот во СЕХА-лигата ќе играа против ППД Загреб, во чии редови сега е Дибиров. Но, Тимур ќе почека некоја следна прилика да игра против клубот со кого освои две европски титули и речиси една деценија доминираше во Македонија.
„Главата горе момци! РК Вардар 1961“, порача Дибиров на „Инстаграм“.