Динамо ја одбрани честа на балканскиот фудбал

Динамо Загреб ја одбрани честа на балканскиот фудбал со пласманот во групната фаза во Лигата на шампионите. Модрите вчера се измачија против Бодо/Глимт по 120 минути фудбал, а на крајот заслужено Адеми и Ристовски заедно со соиграчите се радуваа на успешни квалификации и европска есен.

Што се однесува до најквалитетнотно натпреварување на УЕФА, токму хрватскиот првак е единствен претставник од Балканот во елитата, сите останати национални шампиони потфрлија.

Шкупи како македонски првак, Црвена ѕвезда, Лудогорец, Олимпијакос, Клуж, Ференцварош, Балкани, Тирана, Зрињски, Марибор и Сутјеска, како шампиони во своите земји, сите потфрлија во мисијата да бидат дел од европската елита, кои порано, кои подоцна беа елиминирани во квалификациите.

Инаку Шкупи вечерва во Косово ќе се обиде против Балкани да направи изненадување и да биде вториот македонски клуб по Вардар со пласман во групна фаза во некое од натпреварувањата на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести