Македонија со тројца претставници во групите од ЛШ

Македонскиот фудбал ќе има тројца претставници во Лигата на шампионите во сезоната 2022/23. По вчерашниот пласман на Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски му се придружија на Елиф Елмас, кој со својот Наполи има обезбедено директно место меѓу најдобрите.

Можеше да имаме и четврти македонски фудбалер, но Трабзонспор на Енис Барди вчеравечер не успеа да го надигра Копенхаген, па реваншот без голови го прати Трабзон во Лигата на Европа.

Денес попладне ќе биде извлекувањето на групите, со нетрпение се чека да се види во која група ќе заврши Динамо и против кои екипи, односно кои противници ќе ги добијат Наполи и Елмас.

- Оглас -

Најнови вести