Македонската машка фудбалска репрезентација се наоѓа на 64-тото место на најновата ранг-листа на ФИФА која беше објавена денеска.
Црвено-жолтите не играа натпревар од претходното рангирање наваму, па остануваат со ист број поени и со истиот ранкинг како и минатиот пат. Од селекциите кои се пред Македонија на ФИФА-листата, половина се од Европа.
На првите десет позиции се: Бразил, Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.
Во женска конкуренција, македонската репрезентација е на 134-тото место, што е пад за едно место во однос на листата која беше објавена во јуни.