Дефанзивецот на Челзи, Гери Кејхил, најави заминување од редовите на „сините“ во јануарскиот преоден рок. По доаѓањето на Маурисио Сари на клупата, англискиот дефанзивец не успева да се наметне во неговите планови, а константното изоставување од почетниот состав го натера да размислува за иднина надвор од Лондон.
„Морам да донесам одлука која ќе биде добра за мојата фудбалска кариера. Не можам да седам на клупа цела сезона и да гледам како моите колеги играат. Кратка е кариерата на фудбалерите, јас сѐ уште имам желба да се натпреварувам, да се борам за моето место, но, ако не добивам шанса тука, ќе ја барам на некое друго место“, истакна Кејхил.
Триесет и двегодишниот дефанзивец сезонава сѐ ги чека првите минути под водство на Сари, иако во сезоната 2016/17 беше именуван за капитен на тимот од страна на Антонио Конте, во сезоната која Челзи ја освои титулата во Премиер лигата. Неговиот договор истекува кон крајот на јуни 2019 година, но Кејхил може да заигра за друг клуб веќе во јануари.
Како најзаинтересирани за неговите услуги се споменуваат Њукасл, Евертон и Вотфорд.