Шкупи вечер игра и против историјата, клубот нема ниту една европска победа на гости

Македонскиот фудбалски првак Шкупи во своето десетгодишно постоење нема ниту една победа на гостински терен во европските купови, па екипата на тренерот Гоце Седлоски вечерва во баражот за влез во Конференциската лига против Балкани во Приштина против себе ќе ја има и историјата.

Традицијата постои за да се урне, чаирчани ќе имаат поддршка од Шверцерите, но не е лесно да се разбие малер кој трае долго. Дополнителен проблем за Шкупи е што му треба победа од два гола разлика.

Клубот Шкупи под ова име, од 2018 наваму редовно излегува во Европа и има гостувано кај Глазгов ренџерс, Пјуник, Нефтчи, Лапи, Санта Клара, Линколн ред импс, Динамо Загреб и Шемрок роверс, а никого не победи.

И претходно, како Слога Југомагнат, клубот играше во Европа, но исто така немаше гостински триумф. Слога од 1996 до 2005 година има гостувано кај Хонвед, Загреб, Оцелул Галаци, Капаз, Брондби, Шелбурн, Каунас, Стеауа и Омонија, но или губеше или играше нерешено.

- Оглас -

Најнови вести