Кога Димитријевиќ е разигран, сè е поинаку – Македонија игра топ-одбрана и води против Данска по првото полувреме

Македонија има предност од пет поени разлика, 34:29 по првото полувреме во Нествед, против Данска, во премиерниот меч од претквалификациите за настап на Евробаскетот во 2025 година.

Одбраната ни функционираше одлично, а кога и Ненад Димитријевиќ игра на препознатливо ниво, сè е полесно за Македонија.

Нено постигна 12 поени со 3 скока и 4 асистенции, а нашата репрезентација направи пресврт и од негатива од пет поени во првиот период, кога Данците водеа со 16:11, стигна до предност од пет поени разлика по првиот дел.

Водевме и со 31:24, што беше и највисока предност во првиот дел, но сепак и позитивата од пет поени е добра пред продолжението на мечот.

Во меч од првото коло во нашата Д група Норвешка ја декласира Словачка на гости со 87:68 и тргна со победа во претквалификациите за настап на Европското првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести