ЛШ или ништо за Роналдо, Сините пак „во игра“ за неговиот потпис

Последен обид за Кристијано Роналдо да го напушти Манчестер јунајтед пред да се затвори летниот преоден рок. Агентот Жорж Мендеш постојано е во контакт со неколку екипи, меѓу кои наводно се и Милан и Наполи, а на површината исплива старо-новиот кандидат за потписот на Португалецот, Челзи.

Новиот сопственик Тод Боли, има голема желба да го види Роналдо во синиот дрес, па англиски медиуми најавија нова епизода на преговори меѓу двата англиски клуба. Иако е меѓу најплатените фудбалери во Премиер лигата, Челзи финансиски може да го издржи Португалецот, кој пак би ги решил напаѓачките проблеми на Томас Тухел. Клубот и фудбалерот имаат потреба еден од друг, односно Челзи го исполнува условот за Роналдо да игра во Лигата на шампионите.

Се чини дека трансферот на Каземиро на „Олд Трафорд“ не е доволна причина за Роналдо да остане. Тој е во ветеранските години и не може да чека реконструкција на тим, сака веднаш да напаѓа на трофеи како што го правеше тоа во целата досегашна кариера.

- Оглас -

Најнови вести