Трето засилување од Ајакс ќе пристигне на „Олд Трафорд“, односно по Ерик тен Хаг и Лисандро Мартинес, на ред е трансферот вреден 100 милиони евра да го оствари младиот крилен офанзивец Ентони.
Ова го потврди вчера извршниот директор на Црвените ѓаволи, Ричард Арнолд, кој при влегувањето во автомобилот, со кратко и јасно „да“ им одговори на нетрпеливите навивачи кои прашуваа дали Бразилецот ќе потпише.
Тоа значи дека нè очекува бомбастичен финиш на летниот трансфер-пазар, а Ентони дефинитивно ќе биде на врвот меѓу најскапите ангажмани. И самиот фудбалер изминативе денови притиска за преселба на Островот, односно е во расправија со управата на Ајакс да му дозволи да си го оствари сонот, а клубот за возврат да ја наполни касата.
Richard Arnold CONFIRMS Antony coming to United @markgoldbridge @UnitedStandMUFC @FabrizioRomano #MANLIV #ManchesterUnited #Antony pic.twitter.com/EnoShASybv
— Talal Khamis (@tkhamis88) August 22, 2022