Јувентус ги разбуди навивачите со напаѓачко освежување (фото)

Јувентус го официјализира ангажманот на Аркадјуш Милик на едногодишна позајмица од Олимпик Марсеј. Бјанконерите за полскиот напаѓач ќе потрошат вкупно 10 милиони евра, од кои 2 се наменети за позајмицата, а останатите 8 ќе се исплатат идното лето.

Милик мина една и пол сезона во Марсеј, а сега се враќа во Серија А, каде што претходно настапуваше за Наполи. Старата дама конечно го осигури потписот на 28-годишниот напаѓач по неколку неуспешни обиди во минатото да го откупи од тимот од Неапол.

Клубот утрово го потврди трансферот на Милик за да им посака добро утро на своите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести