Лацио и Интер ќе ја продолжат голгетерската традиција

3002 Лацио – Интер (20:45 часот, Серија А)

Во последните пет меѓусебни средби редовно се треселе двете мрежи, а во четири од нив типот ГГ3+ бил добитен. Треба да се продолжи таа традиција и вечерва на „Олимпико“, Лацио и Интер да се борат за бодовите така што ќе се докажуваат кој има подобар напад.

Инаку Интер од октомври 2018 година нема славено победа над Лацијалите во Вечниот Град, но и покрај тоа, тимот на Инѕаги ќе настојува да го одржи перфектниот учинок во воведните три кола од Калчото.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

3001 Монца – Удинезе (18 часот, Серија А)

Двете екипи трагаат по првата победа сезонава, односно Монца посакува конечно да ги освои првите бодови како калчолигаш, додека Удинезе се надева дека ќе го поправи учинокот само од еден бод по два натпревари.

Ќе биде премиерна меѓусебна средба во која не се очекуваат многу погодоци, односно со тактично надмудрување и користење на грешките ќе се одлучува победникот во дуелот.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.76)

 

1302 Бетис – Осасуна (22 часот, Ла Лига)

И двете екипи тргнаа со по две остварени победи во новата сезона, но се чини дека една вечерва ќе се разочара ако се  оди по логиката дека во последните пет меѓусебни дуели, редовно имало победник.

Поточно, Бетис славеше во сите тие средби во кои ѝ даде 13 гола на Осасуна, а прими само два. Сепак, гостите од Памплона се пријатно изненадување на стартот од сезоната во Шпанија и сигурно ќе сакаат да ја расипат забавата на „Бенито Вилјамарин“.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.60)

 

1801 Фрајбург – Бохум (20:30 часот, Бундеслига)

Фрајбург многу веројатно ќе фрли сол на раната на Бохум, кој сезоната ја отвори со три нанижани порази во првенството и се стационира на дното на табелата заедно со Леверкузен.

Домаќините се во подобра позиција со две победи и пораз по три кола, со намера да го подобар учинокот на домашен терен во дуелите против Бохум. Во ланската сезона двете екипи поделија по една победа во Бундеслигата, па според традицијата, вечерва домаќинот ќе се радува на три бода.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.73)

 

1701 Aжаксио – Лил (21 часот, Лига 1)

Данските доги ќе го преболуваат дебаклот со 1-7 од ПСЖ така што гневот ќе го истурат врз поранешните „пациенти“. Ажаксио до 2014 година, кога беше прволигаш, редовно губеше од Лил, односно трпеше порази во три од последните пет меча во улога на домаќин.

По враќањето во елитата, формата на Ажаксио не дава простор да се мисли на изненадување бидејќи Лил сепак има повеќе квалитет и треба да ја оправда фавотирската улога.

Предлог тип: 2 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести