Кан објасни зошто се смешкаше кога беше извлечена Барселона во група со Баерн

Баерн Минхен е најнепосакуваниот противник за Барселона во Европа, во последните две години Баварците неколку пати ги победуваа Каталонците, и ги понижуваа, особено со оние незаборавни 8-2 во четвртфиналето на Лигата на шампионите, и со победа од 3-0 во минатата сезона по која Барса се пресели во Лига Европа.

При вчерашната ждрепка за групите во ЛШ, легендарниот германски голман, а сега член на раководството на Баерн, Оливер Кан, се смешкаше „под мустаќ“ кога дозна дека Баерн повторно ќе треба да игра против Барселона.

Каталонците се налутија за оваа „невообичаена реакција која не е во согласност со нормите и почитта за вакви настани“. После овие обвинувања, се јави и Кан за да објасни.

„Таквото интерпретирање нема врска со вистината. Левандовски пред неколку недела си замина од кај нас и прејде во Барселона, па се смеев поради ваквите случаи во фудбалот. Имам огромна почит за Роберт и Барселона. Мечевите против нив ќе бидат празник за фановите низ целиот свет“ – изјави Кан.

- Оглас -

Најнови вести