Останаа уште пет дена до крајот на преодниот рок во Европа, а еден од трансферите кои се очекуваат до крајот на август е оној на напаѓачот Антони од Ајакс во Манчестер јунајтед.
Но, Копјаниците од Амстердам се покажуваат како многу тежок преговарач, и за Бразилецот одбија богата понуда од 90 милиони евра. Овие 90 милиони би биле рекордна продажба во историјата на Ајакс, а Антони го моли клубот да му ја исполни желбата за премин во Манчестер јунајтед.
„Се надевам дека навивачите на Ајакс ќе ме разберат, иднината на фудбалерите секогаш е неизвесна, и животните шанси треба да се искористат. Благодарен сум им на Ајакс и фановите, клубот секогаш ќе ми биде во срце, но сакам да си одам и да бидам среќен. Не барам од Ајакс да ме пушти бесплатно, туку да ја прифати најбогатата понуда во историјата на холандската лига“ – изјави Антони.