Лестер конечно попушти и ќе му дозволи на Весли Фофана да го реализира посакуваниот трансфер во Челзи. Вчеравечер во доцните часови, Лисиците ја прифатија четвртата понуда од 70 милиони фунти, сума која со одредени бонуси дополнително ќе расте.
Денешниот натпревар на „Стемфорд бриџ“ во кој Фофана нема да учествува, ќе се искористи да се договори трансферот, па до крајот на преодниот рок Французинот и официјално да пристигне во Лондон. Младиот Фофана веќе се има договорено со Сините, односно се согласи на претходно понудениот шестгодишен договор според кој ќе биде еден од најплатените играчи во составот на Томас Тухел.