Клоп потврди, ќе купува играч за врска

Ливерпул ќе се реактивира на фудбалскиот пазар во последните денови од летниот преоден рок, а целта е да се најде соодветен играч за врска. Јирген Клоп на вчерашната прес-конференција пред мечот против Борнмут, призна дека погреши со изјавата пред извесен период дека клубот нема да купува во последните денови од август.

„Да, ќе се обидеме да доведеме играч за врска. Погрешив кога кажав дека не ни требаат засилувања, вие новинарите бевте во право. Ќе купиме играч, но треба да се потенцира дека тој нов фудбалер треба да биде според пропорции кои ни одговараат нам“, истакна Клоп.

Се верува дека Јури Тилеманс од Лестер е изборот на германскиот стратег, но прашање е колку Лисиците се подготвени да останат без еден од клучните фудбалери кога време да се доведе негова замена нема доволно.

- Оглас -

Најнови вести