Надал: Жал ми е за Новак, но тенисот е поголем од сите

Рафаел Надал во пресрет на Отвореното првенство на САД, проговори околу ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и неговото отсуство од гренслем-турнирот. на шпанскиот великан му е жал што неговиот најголем ривал остана без прилика да се бори за титулата во Њујорк, поради што нема примено вакцина за корона-вирусот.

„Знаевме со месеци дека Новак нема да игра на ОП на САД, што од моја перспектива се тажни вести. Жал ми е што еден од најдобрите тенисери во историјата мора да пропушта големи турнири од различни причини. И јас ги пропуштив последните два гренслема во Њујорк поради повреда. Жалам што турнирот губи на квалитет поради отсуството на Новак. Сепак, спортот, поточно тенисот е поголем од сите нас. Ќе живее и ќе функционира и по нашата ера со Ѓоковиќ и Федерер, во тоа не се сомневам“, истакна Надал.

Шпанецот во Њујорк ќе атакува на 23-та гренслем титула со која би го зацврстил рекордот на вечната листа. Со настапите почнува на 31 август, кога во првото коло ќе се сретне против Ринки Хијиката од Австралија.

- Оглас -

Најнови вести