ЛШ распоред: Две големи дербија во првото коло

УЕФА го одреди распоредот за натпреварите во групната фаза од сезоната 2022/23 во Лигата на шампионите, и уште на самиот старт ќе се гледа врвен фудбал.

На 6 септември, фокусот ќе се начочи кон дербито меѓу Интер и Баерн Минхен, а истиот ден Динамо Загреб на Адеми и Ристовски ќе го пречекаат Челзи на „Максимир“.

Ден подоцна, Јувентус гостува во Париз кај францускиот првак ПСЖ, што ќе биде емотивно враќање на Анхел Ди Марија откако неговата авантура со Светците заврши летово. На 7 септември игра и Наполи на Елиф Елмас, и тоа против Ливерпул на „Диего Марадона“ стадионот како уште еден меч кој ќе биде испратен со посебно внимание.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид, одбраната на титулата ја започнува со гостување во Глазгов против Селтик во првиот ден од воведното коло.

Целосниот распоред на натпревари можете да го видите подолу:

- Оглас -

Најнови вести