Младиот пливач Марко Пејчиновски (16), го оствари својот планиран историски потфат, летово да преплива 250 километри во десет испливувања, од кои најтешката етапа од дури 64 километри. Марко за точно 21 час и 42 минути ја мина рутата од Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.
Момчето кое има здравствени проблеми и ретка болест, на пристаништето во Охрид пристигна утрово и беше пречекано од стотици луѓе кои го поздравија со заслужен аплауз.
Пред три години тој истотака се обиде да ги исплива овие 64 километри, но се откажа поради болки во ногата. Марко воедно е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци.
Sport Life обложувалници како општествено одговорна компанија секогаш се стреми да им помага на младите спортисти, па затоа му излезе во пресрет на Марко Пејчиновски и неговата мисија со финансиска, но пред сé, морална и медиумска поддршка каква што заслужува.