Пол Погба, старо-новата ѕвезда на Јувентус, се најде во центарот на вниманието по неверојатните информации дека бил изнудуван за пари, и тоа од страна на неговиот брат Матијас.
Имено, отворена е истрага околу уценување на Погба, откако организирана банда во која наводно бил и неговиот брат Матијас, го уценувале францускиот репрезентативец за дури 13 милиони евра, во спротивно ќе објавеле тајни информации со кои би го нарушиле угледот на Пол.
Бандата се состоела од неколку негови пријатели од детството покрај неговиот брат. Она што повеќе загрижува, е што Погба во изјавата за полицијата истакна дека уценувачите носеле огнено оружје, поточно рафални пушки, со цел да го заплашат и да ги добијат посакуваните пари.