Патрик Кутроне го прекина едномесечниот пост без гол и со два погодоци во продолженијата му донесе победа и пласман во четвртфиналето на купот на Милан.
Во Џенова, Сампдорија и Милан одиграа без голови во регуларниот дел, а веднаш на стартот од првото продолжение Кутроне влезе во игра и го протна фаворитот меѓу октетот што ќе се бори за пехарот во италијанскиот куп.
21-годишниот напаѓач погоди во 102. и во 108. минута за победа на гостите од 2:0. Во четвртфиналето Милан ќе игра против победникот од дуелот Наполи – Сасуоло.
Вечерва прв меч за Милан одигра врсникот на Кутроне, Лукас Пакета, кој пристигна зимово во Милано од Фламенго за 35 милиони евра.