Љубителите на кошарката од четврток ќе уживаат во мајсториите на најдобрите европски машки репрезентации, а за обложувачите тоа значи поголеми можности за добивка.
Евробаскетот 2022 стартува на 1 септември, а до тој датум, во 13.25 часот, до пред почетокот на првиот меч, во Sport Life може да се обложите кој ќе биде европски првак. Доколку го погодите победникот, заработката ќе ви биде добра, со оглед на квотите кои се нудат.
Топ-фаворити за титулата се Србија, Словенија, Грција и Франција. Ова се тимови со НБА и евролигашки ѕвезди во своите редови, па, секако, отскокнуваат со квалитетот барем на хартија, иако некои од нив се и некомплетни.
Меѓу десетте репрезентации на кои[to им се даваат најголеми шанси, влегуваат и Литванија, Шпанија, Италија, Турција, Германија и Хрватска. Најголема квота од 150 има за аутсајдерите Естонија и Унгарија, а квота од 105 има за Бугарија.