Анри му се приклучи на Фабрегас во италијанскиот тим од Серија Б

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри стана еден од сопствениците на италијанскиот второлигаш Комо. Анри реши да му се приклучи на некогашниот соиграч од Арсенал, Сеск Фабрегас, кој исто така има дел од акциите во Комо.

Анри беше еден од најдобрите напаѓачи во неговото време и предводник на силната генерација на Арсенал. Откако во 2014 година реши да стави крај на играчката кариера, Анри продолжи активно во светот на фудбалот. Беше тренер во Монтреал и Монако, а уште работи како прв помошник на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација.

Со влегувањето во Комо, Анри само потврдува за амбициозниот проект на овој клуб, чија цел е влез во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести