Продолжува последниот танц на Серена – Успеа да ја елиминира втората носителка на Отвореното првенство на САД (ВИДЕО)

Серена Вилијамс ги продолжува настапите на својот последен гренслем-турнир во кариерата. Тениската легенда којашто најави крај на кариерата по овој гренслем утринава ја совлада втората носителка Анет Контавејт со 2:1 во сетови, односно 7:6(4), 2:6, 6:2.

Со тоа, Серена во шеснаестфиналето ќе игра против Австралијката Алија Томјановиќ, во меч којшто е закажан за утре, од 17 часот по средноевропско време.

Кај мажите, пак, фаворитите немаа проблеми. Првиот носител Данил Медведев во второто коло го победи Артур Риндернех со 6:2, 7:5, 6:3 и со тоа во наредната фаза ќе игра против Јиблинг Ву од Кина.

Додека контроверзниот Ник Кирјос во четири сета 7:6(3), 6:4, 4:6, 6:4 го совлада Бенјамин Бонзи и во следната рунда ќе се соочи со Американецот Џефри Волф.

- Оглас -

Најнови вести