Наполи одигра разочарувачки 1:1 против Лече на свој терен иако важеше за огромен фаворит.
Елиф Елмас беше стрелецот за водство во 27-мата минута, додека гостите четири минути подоцна израмнија преку Лоренцо Коломбо.
И покрај погодокот, тренерот на Лусијано Спалети не е задоволен од играта на нашиот репрезентативец.
„Елмас цело време беше надвор од својата позиција, а тоа знаеше да го искористи противникот. За волја на вистината, навистина одигравме лош меч. Кога ја имавме во посед топката, бевме спори и станавме многу предвидливи“ изјави Спалети.
Наполи по четири одиграни средби во Серија А, има осум освоени бодови и се наоѓа на делба на третото место.