Солер ја зголеми шпанската колонија во ПСЖ

Карлос Солер е најновата потврдена аквизиција на Пари Сен Жермен. Досегашниот фудбалер на Валенсија потпиша петгодишен договор со Светците.

Солер им се придружува на сонародниците Серхио Рамос, Пабло Сарабија, Фабијан Руиз, Серхио Рико и Хуан Бернат, а во средниот ред на ПСЖ само ја засилува и онака жестоката конкуренција.

Досега Солер цела кариера играше за Лилјаците од Валенсија, има еден трофеј од шпанскиот куп, со репрезентацијата освои сребро на олимписките игри во Токио, а повикот од ПСЖ не се одбиваше.

- Оглас -

Најнови вести