Ајакс е шампион во продавање играчи, Копјаниците летово заработија 216 милиони евра!

Ајакс од Амстердам е клубот кој најмногу заработи од продажба на фудбалери во летниот преоден рок.

Копјаниците продадоа четворица фудбалери, за кои добија отштета дури 216,2 милиони евра. Бразилецот Антони и Аргентинецот Лисандро Мартинес ги продадоа во Манчестер јунајтед за многу големи пари, а одлично поминаа и со Себастиен Але во Борусија Дортмунд и Рајан Гравенберх во Баерн.

Ова се Топ 10-те клубови според сумите на продадени играчи летово:

1. Ајакс — 216,2 милиони

2. Манчестер Сити — 159,9 милиони

3. Бенфика — 127,3 милиони

4. Спортинг — 119,8 милиони

5. Монако — 117 милиони

6. Брајтон — 113,9 милиони

7. Лидс — 108,2 милиони

8. Баерн — 104,4 милиони

9. Јувентус — 103,2 милиони

10. Лил — 99 милиони

- Оглас -

Најнови вести