Ракометната федерација на Македонија одлучи да организира еден спектакуларен натпревар на кој едни против други ќе играат сегашните против некогашните репрезентативци, кои на овој начин би добиле соодветно простување од националниот дрес.
За ветераните ќе играат ракометарите од генерацијата која блесна на Светското првенство во 2009 година. Тоа значи дека повторно ќе ги видиме заедно ако играат Лазаров, Мојсовски, Алушовски, Димовски, Стоилов, Јоноски, Ангелов, Миркуловски…
Датумот не е утврден, но се очекува оваа ракометна фешта да се игра некаде на крајот на годинава.
Инаку, РФМ го потврди ветувањето за награда од 700.000 денари за репрезентавците до 18 години.