Бенфика со многу мака и 2:1 ја победи Визела во меч од петтото коло од португалското првенство.
Иако имаше продолжение од осум минути, победоносниот гол за домаќините беше постигнат по 12 минути екстра време, и тоа преку пенал.
Жоао Марио погоди од белата точка, а истиот играч веднаш доби и два жолти картони и замина кон соблекувалната. Интересно е и што Бенфика преку Гончало Рамос во 91-та минута исто така остана со играч помалку, па на крајот средбата ја завршија со девет фудбалери на теренот.
Пред неколку дена, Ливерпул на идентичен начин дојде до победа над Њукасл исто така со 2:1 со гол во 98-та минута, иако имаше пет минути судиско продолжение.
é golo meus caralhos, amo te joao mario pic.twitter.com/e7ghAwaJ18
— cunha (@franciscaacunha) September 2, 2022