Мбапе и Меси се незадржливи и го вратија ПСЖ на чело на табелата во Франција (Видео)

Пари Сен Жермен без многу проблеми стигна до триумф на гостувањето кај Нант со 3:0 и актуелниот француски првак се врати на лидерското место на табелата. ПСЖ заедно со Олимпик Марсеј се единствени два тима кои имаат 16 бода по шест одиграни кола, но Светците имаат многу подобра гол разлика.

Килијан Мбапе даде по еден гол во двете полувремиња, а на двата погодоци асистент беше Лионел Меси. Едноставно овие двајца многу добро соработуваат на теренот, а тоа носи резултати за ПСЖ.

Третиот погодок за ПСЖ го постигна Нуњо Мендеш во 68 минута.

- Оглас -

Најнови вести