Мојс: Веќе ја загубив вербата во ВАР системот

Челзи го победи Вест хем во лондонскиот дуел кој беше највозбудлив во последните 30 минути. Вест хем поведе со голот на Антонио во 62 минута, но Челзи до крајот направи пресврт.

Најпрво Чилвел израмни на 1:1 во 76 минута, а потоа Каи Хаверц донесе радост за домашните фанови на „Стемфорд Бриџ“ со погодокот во 88 минута. Тука не беше крајот на драмата. Во 90 минута Вест хем даде втор погодок преку Корнет, но подоцна тој гол беше поништен, откако од ВАР собата сигнализираа дека имало фаул над голманот.

Тренерот на Чеканите, Дејвид Мојс беше разочаран од одлуката тој гол да не е признат поради што Вест хем остана покус за еден бод. Мојс вели дека веќе не верува во ВАР системот.

„Неколку пати ја погледнав ситуацијата, од 3-4 различни агли и мислев дека нема никаква шанса голот да биде поништен. Тоа е смешно лоша одлука. Мислам дека со ова се доведува во прашање ВАР системот, но и одлуките кои ги носи судијата. Арбитарот мора да биде способен да ја задржи својата одлука во вакви ситуации. Тажно е што ова е елитата на нашите судии во моментов. Голманот се обиде да лажира повреда и при првиот примен гол“, незадоволно коментираше Мојс.

- Оглас -

Најнови вести