По три години поминати во дресот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди си заминува од француската престолнина. Аргентинецот почна одлично во дресот на Светците и во првата сезона даде 20 гола во 34 меча. Сепак, со играчи како Мбапе, Нејмар и Меси во нападот, Икарди го загуби местото во стартниот тим и повеќе беше на клупата отколку на теренот.
Токму затоа беше јасно дека Аргентинецот ќе мора да си замине од францускиот првак. Договорено е Икарди сезонава да игра во Галатасарај и тоа како позајмен играч. Турските медиуми пишуваат дека гигантот од Истанбул ќе плаќа само дел од плата на Икарди (3,5 милиони евра), додека останатите 8,5 милиони евра ќе ги покрие ПСЖ.
Икарди пред да игра во ПСЖ, шест години беше дел од Интер, а претходно една сезона во Серија А играше во дресот на Сампдорија. Тоа значи дека точно 10 сезони Аргентинецот беше дел од екипи во Топ 5 лигите во Европа, а сега заминува да игра во Турција.
🔥 Mauro İcardi, Galatasaray’da!
✈️ İcardi en geç salı günü İstanbul’da olacak.
• Galatasaray ve PSG arasındaki tüm işlemler tamamlandı.
• Kiralık, satın alma opsiyonu yok. @ajansspor pic.twitter.com/8RPh4Ocq36
— Salim Manav (@Salimmanav) September 3, 2022