Динамо Загреб в вторник од 18:45 часот ќе го игра првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони, а на „Максимир“ ќе гостува Челзи. Англискиот премиерлигаш е фаворит, но хрватскот првак ќе има голема поддршка од преполните трибини.
Вчера започна продажбата на билетите за членовите на навивачката група на Динамо и беа продадени 5.300 карти, а денеска продолжи слободната продажба за сите оние кои сакаат да бидат на стадионот.
За нешто помалку од три часа беа продадени сите билети, па „Максимир“ ќе биде преполн. Навивачите не се двоумеа многу иако билетите за најубавиот дел од стадионот достигнаа цена и до 40 евра.
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми се стандардни во првиот тим на Динамо и за два дена треба да бидат во стартниот тим за мечот против Челзи.