Знае каде се загарантирани титулите – Кејн е пред трансфер во Баерн Минхен

Хари Кејн налето ќе стане слободен агент, а според последните информации, тој го одбил новиот договор од Тотенхем.

Германските медиуми, пак велат дека англискиот репрезентативец е пред трансфер во Баерн Минхен, а на такво нешо инсистирал лично Оливер Кан, кој во моментов е еден од директорите во клубот на Баварците.

Кејн сè уште чека на својот прв голем трофеј во кариерата, а откако минатата сезона му пропадна трансферот во Манчестер сити, сега и дефинитивно ќе замине од тимот од Лондон во екипа којашто е редовно при самиот европски врв, додека во Бундеслигата титулата им е речиси загарантирана.

- Оглас -

Најнови вести