Мбапе со нов испад – Му се изнасмеа на новинар и повторно го привлече гневот кон себе (ВИДЕО)

Килијан Мбапе изминативе месеци постојано го привлекува вниманието кон себе, и тоа во непосакувана смисла.

Напаѓачот на ПСЖ којшто потпиша нов, монструозен договор со Парижаните сега се изнасмеа на едно новинарско прашање.

Прашањето се однсесуваше на тоа зошто ПСЖ на кратките релации, односно на средбата со Нант патува со авион, наместо со воз, којшто загадува помалку, но и сите клубови во Европа патуваат на тој начин.

Мбапе едноставно му се изнасмеа на новинарот, а јавноста го осуди ваквото однесување. Погледнете го видеото да видите за што станува збор.

- Оглас -

Најнови вести