Барселона на полусезона обезбеди двоцифрена залиха пред Реал Мадрид

Барселона не дозволи никаков кикс на „Камп ноу“ и лесно го победи Еибар со 3:0, во меч од 19-тото коло на Примера дивисион. Со оваа победа, Барселона само потврди дека како лидер ќе влезе во вториот дел од сезоната во Шпанија. Точно на половина од трката за титулата, каталонскиот гигант освои 43 бодови, што е пет повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, а дури 10 повеќе од Севилја. Најголемиот ривал Реал Мадрид заостанува со 13 бода, но Кралскиот клуб вечерва гостува кај Бетис, па со победа може да стигне до минус 10.

На дуелот против Еибар, Лионел Меси испиша историја во Примера. Аргентинскиот виртуоз стана првиот играч во историјата на шпанскиот фудбал кој стигнал до 400 погодоци. Покрај Меси, два гола даде и Луис Суарес за радост на фановите на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести