Мбапе воопшто не размисува да му подаде на Нејмар (Видео)

Пари Сен Жермен победнички започна во новата сезона од Лигата на шампионите откако со 2:1 славеше над Јувентус во првото коло од групната фаза. Светците одлично започнаа и за помалку од половина час дадоа два гола преку Килијан Мбапе.

Во второто полувреме Јувентус намали на 1:2, а Старата дама имаше и неколку шанси да израмни на 2:2. Шанса за трет гол имаше и ПСЖ, и тоа кога Мбапе тргна во контранапад, го следеше Нејмар, но францускиот репрезентативец реши сам да ја заврши акцијата и згреши, иако Бразилецот беше сосема сам на спротивната статива.

Откако Мбапе реши да не му подаде на Нејмар, Бразилецот оправдано беше фрустриран затоа што пропадна добра шанса за лесен погодок.

- Оглас -

Најнови вести