Босанците најавија дека ќе играат како да им зависи животот од мечот, но квотите велат дека „ќе изгинат“

Последното коло од групната фаза на Европското првенство во кошарка ќе одлучат како ќе биде изгледот на табелата и кои селекции ќе продолжат во осминафиналето. Во Б групата најважен ќе биде дуелот меѓу Литванија и Босна и Херцеговина, кој директно решава за четвртото место во групата, кое носи во осминафиналето.

БиХ има две победи и два порази, додека Литванија е само со еден триумф од четири кола, но доколку победат денеска, ќе бидат подобри во меѓусебниот дуел со Босна и Херцеговина и тоа ќе им го обезбеди посакуваното четврто место во групата.

Кошаркарите на БиХ најавија дека денеска ќе играат како да им зависи животот од овој дуел.

„На мечот против Литванија влегуваме како да ни зависи животот од тој дуел. Ќе ги дадеме последните атоми од силата за да победиме и да се пласираме во следната фаза“, вели Миралем Халиловиќ.

Сепак, според коефициентите во Sport Life, Литванија е голем фаворит за победа.

Драматично ќе биде и во А групата, каде што ако Грузија ја победи Црна Гора, а Бугарија слави над Белгија, може да се случи дури четири селекции да имаат по седум бодови, а на крајот само две ќе може да одат во осминафиналето.

Во понудата на Sport Life има голем број и на кошаркари. и тоа колку поени ќе постигнат на денешните средби.

- Оглас -

Најнови вести