Истанбул на нозе, доаѓа Мауро Икарди!

Веќе нема дилеми, Мауро Икарди ќе игра за Галатасарај. Аргентинскиот напаѓач е член на ПСЖ, а во Турција ќе биде позајмен. Икарди доцна вечерва треба да пристигне во Истанбул, и се очекува еуфоричен пречек на аеродром од фановите на Лавовите.

Икарди на социјалните мрежи објави фотографија на која на градите има истетовиран лав, а очите на лавот се црвено и жолто. Галатасарај објави авион и мапа на која се гледа дека авионот е во Париз.

Според договорот, ПСЖ ќе плаќа најголем дел од платата на Икарди, а тој ќе го носи црвено-жолтиот дрес. Икарди има договор со ПСЖ до 2024, но тој клуб не смета на него, па Аргентинецот е принуден да се сели на позајмици.

 

- Оглас -

Најнови вести