Почнува новата сезона во НФЛ а со тоа и „последниот танц“ на легендарниот Том Брејди

Со натпреварот меѓу Лос Анџелес рамс и Бафало билс од 02:30 часот по Средноевропско време, започнува новата, 103-та сезона од НФЛ.

Еден од најпопуларните спортови во САД, Мексико и Јапонија, кој што со огромна брзина се пробива и во Европа ќе донесе големи возбудувања, но и „последниот танц“ на Том Брејди.

Иако легендарниот квотербек, своевремено на Њу Ингланд пејтриотс, сега на Тампа Беј баканирс најави дека ќе се пензионира на крајот од минатата сезона, сепак се предомисли и се одлучи да игра и во оваа.

Според информациите од САД, Брејди барем засега не планира да игра и во наредната сезона, а тука е и договорот од „ФОКС“ каде што за 10 години како аналитичар ќе заработи 375 милиони долари.

Актуелни прбаци се токму Лос Анџелес рамс, а интересно е што според букмејкерите од САД, најголеми фаворити се Бафало, а потоа следи Тампа Беј, како и Канзас сити.

Се играат 18 натпревари од редовната сезона, за потоа да следи разигрувањето, а големиот Супер бол настан е закажан за 12 февруари а ќе се игра на „Стејт“ стадионот во Грендејл Аризона, кој има капацитет до 78 илјади навивачи.

- Оглас -

Најнови вести