Велика Британија е на штрек откако од пред некој час се појави информација дека здравјето на Кралицата Елизабета втора значително се влошило.
Голем број на членови од кралското семејство заминаа во дворот Балморал во Шкотска каде што ги очекуваат информациите за нејзиното здравје. Целото Острово е исто така во исчекување, а доколку Кралицата почине тогаш со сигурност е дека фудбал на Островото викендов нема да има.
Останува да се види каква ќе биде ситуацијата на Кралицата во наредните часови, односно денови, а доколку таа почине, тогаш според протоколите ќе има 12 дневна жалост во Британија.