Навивачите на ирскиот клуб Шамрок роверс, за време на мечот против Ѓургарден од Конференциската лига, со песна ја прославуваа смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Верувале или не, фановите на клубот кој летоска играше против Шкупи, пееја: „Лизи е во ковчег“, славејќи ја смртта на кралицата. Ова предизвика многу реакции во јавноста, а се разбира, во нападите предничеа Англичаните, за кои е несфатливо ваквото однесување на навивачите од Ирска.
The Irish were literally celebrating by chanting "Lizzie's in a box!" at football games today. If you didn't know, they're not big fans of their colonizers. They know what the Royal Family represents. pic.twitter.com/OKbkMQRCwO
— Prof Zenkus (@anthonyzenkus) September 9, 2022