Челниците на Ливерпул му се налутија на Клоп, очигледно дека донесе погрешен играч

Јирген Клоп е тренерот кој успеа по 30 години чекање да ја донесе титулата англиски првак на „Енфилд роуд“, но и да ги освои сите најзначајни трофеи со овој англиски гигант. Клоп веќе седма сезона е на чело на Ливерпул и досега немаше никакви проблеми, но очигледно дека полека работите се менуваат.

Ливерпул сезонава не игра на посакуваното ниво, па по првите шест кола веќе заостанува шест бода зад лидерот Арсенал и е дури на седмото место на табелата. Освен киксовите во првенството, Ливерпул разочарувачки стартуваше и во Лигата на шампиони, каде во првото коло претрпе дебакл на гостувањето кај Наполи и загуби со 4:1.

Како една од причините за овие неочекувано слаби резултати на Ливерпул, се наведува заминувањето на Садио Мане. Фудбалерот кој беше речиси перфектен тандев со Мохамед Салах сега е во Баерн Минхен. На местото на Мане, Ливерпул го доведе Дарвин Нуњес од Бенфика.

Клоп веруваше дека Нуњес е вистинскиот играч за да не се почувствува заминувањето на Мане, па не жалеше пари и даде преку 80 милиони евра за негово доаѓање на „Енфилд роуд“. Фудбалерот кој минатата сезона даде 34 гола во дресот на Бенфика, не се снајде најдобро во новиот клуб.

Нуњес најпрво беше критикуван за промашувањата кои ги имаше на пријателските мечеви, а кога дојде првенството, во второто коло направи глупост и со глава намерно удри противнички играч, поради што доби три меча суспензија.

На теренот се врати минатиот викенд кога одигра 80 минути во градското дерби против Евертон, но без ефект. Во ЛШ против Наполи играше само 28 минути и повторно беше незабележителен.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ открива дека челниците на Ливерпул прв пат му се наутиле на Клоп за изборот на фудбалер и тоа играч за кого беа платени над 80 милиони евра. Нуњес во вкупно пет меча што ги има одиграно во дресот на Ливерпул има ефект од два гола и една асистенција, што секако е премалку за играч од таков калибар.

 

- Оглас -

Најнови вести