Ќе може да го врати Меси – Ла Лига со голема помош за Барселона која ќе ги надмине проблемите со финансиите

Екипата на Барселона изминативе години се соочуваше со големи финансиски проблеми, но со последната одлука на Ла Лига, на Каталонците значително им се олесни работата.

Барса го имаше надминато популарниот „селери кап“ односно пари кои што се одвојуваат за плати на фудбалерите, тренерите и директорите за 144 милиони евра, по што мораше да бидат продадени неколку играчи.

Но, со последната одлука, односно зголемување на таа граница, Каталонците од следната сезона ќе влезат со неверојатен плус од 656.5 милиони евра. Сето тоа значи дека може повторно да се врати Лионел Меси и тоа без никакви проблеми.

Како што напишавме погоре, оваа уредба на сила стапува од следната сезона а поголем „селери кап“ ќе има само Реал Мадрид кој што ќе може на плати да потроши 739 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести