Вечерва од 22 часот на „Артур Еш“ стадионот се игра големото финале на САД Опен помеѓу Карлос Алкараз и Каспер Руд.
За еден од двајцата млади тенисери ова ќе биде прва гренд слем титула во кариерата, а според коефициентите, благата фаворитска улога ја има шпанското чудо.
Карлос Алкараз со 19 години ја освои светската тениска јавност и според предвидувањата го очекува блескава тениска иднина, без разлика на тоа дали вечерва ќе слави, или не.
Додека, четири години постариот Руд зад себе има исто така фантастична година која што може да ја круниса со гренд слем титула исто така прва во кариерата.
Коефициентот за победа на Алкараз изнесува 1.47 во Sport Life, додека за радост на Руд е 2.85. Границата на гемови изнесува 39.5 а коефициентот за плус е 1.85, додека за минус е 1.95.
Во секој случај не очекува супер возбудлив меч од двајцата млади тенисери кои што тек допрва ќе го освојуваат светот.