Некогаш не е потребно да се играат комбинации на типови за да се добие висока добивка. Доволно е да одиграте фикс и да го погодите победникот на мечот, како што во изминатиов викенд го направил тоа еден обложувач од Дебар во спортските обложувалници на Sport Life.
На тикет со девет парови, само за 100 вложени денари, играчот добил 145.954 денари, што е повеќе од 2.000 евра. Дури осум парови му се на мечеви на кои бркал победа на домаќинот или гостинот, а само еден меч е одигран 3+. Ираклис даде гол во 83-тата минута за победа над Ерготелис од 2-1, но затоа уште во првото полувреме го погодил 3+ на дуелот ЗЕСКО – Кајзер (3:1) во квалификациите на Африканскиот куп на конфедерациите.
Твенте без проблеми си победи со 2-0 на гости кај Мастрих, а Рода го победи ГА Иглс со 3-1. Храбро верувал во победа на Атлетик Билбао против Севилја (2-0). Со истиот резултат Барселона Б славеше во третата лига на Шпанија против Алкојано. Рекреативо Уелва со 2-0 славеше на гости кај Дон Бенито за погоден коефициент 2,80, а лесно му било да ја предвиди победата на Наполи против Сасуоло со 2-0.
Најголем погоден коефициент, а и најголема драма за овој типувач од Дебар имало на дербито меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед. Типстерот верувал дека Манчестер ќе ја продолжи победничката серија и на дербито во Лондон, па одиграл 2-ка, на коефициент 3,20. На крајот, „црвените ѓаволи“ победија со 1-0, и тоа најмногу благодарение на неверојатните одбрани што ги имаше голманот на гостите, Давид де Хеа.
КОГА СИ СИГУРЕН, ИГРАШ ПОЛУВРЕМЕ-КРАЈ НА ФАВОРИТИТЕ
Без многу комбинации, типстер кој уплатил во Волково, со 20 денари добил 70.404 денари. На тикетот има шест парови и сите се одиграни полувреме-крај. Изборот паднал на фаворитите, кои уште во првиот дел си ја завршија работата, а на крајот не дозволија изненадување, па тоа донесе и радост за овој играч во Волково.
Одиграл дека Барселона и Реал Мадрид на полувремето ќе водат, а и на крајот дека ќе победат против Еибар, односно Бетис. Кикс не дозволија ниту Наполи, Твенте и Олимпијакос, кои уште во првите 45 минути стигнаа до предност против своите ривали, а на крајот победија. Обложувачот имал доверба и во Пасос де Фереира, кој на полувремето водеше и на крајот славеше на гостувањето кај Кова Пидаде за добивка од 70.404 денари.
ОХРИД СЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРА ЗА ГОЛЕМИ ДОБИВКИ СО МАЛИ УПЛАТИ
И овој викенд во топ 3 ливчињата има типувач од Охрид. Со 70 вложени денари, добивката е 65.541 денари, а погодени се дури 10 парови. Покрај повеќето мечеви, кои се фудбалски, тука има и три типа од ракометното Светско првенство. Довербата била кај македонските репрезентативци, па погодено е дека Кирил Лазаров, Дејан Манасков и Стојанче Стоилов ќе ја надминат поставената граница за дадени голови на дуелот против Јапонија.