Изјавата на селекторот Благоја Милевски дека многу негови избраници не се во потребната форма треба да замисли многумина фудбалери кои можеби помислија дека местото во националниот тим им е доживотно загарантирано.
Милевски издвои петмина играчи кои според него се во задоволителна форма, но тоа е премалку.
„Како за први 11 не треба да имаме проблем, но ако се работи за план Б или план Ц, тука немаме опција. Во октомври и ноември ќе одиграме пријателски мечеви што ќе бидат за да ги провериме и останатите со коишто располагаме и да бидеме подготвени за квалификациите кои започнуваат во март следната година. Освен Адеми, Стефан и Милан Ристовски, Миовски и Алиоски, сите останати мора да работат на подобрување на формата“, истакна Милевски.
Инаку за 22 октомври е потврдена пријателска среедба со Саудиска Арабија, а уште се преговара за пријателски мечеви за 17 ноември со Финска, а на 20 ноември со Азербејџан.