Како навивачите на Баерн го пречекаа Роберт Левандовски? (Видео)

По осум години поминати во дресот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски летово реши да си замине и го облече дресот на Барселона. Ждрепката во Лигата на шампионите сакаше Левандовски многу брзо да се врати на „Алијанц арената“, но овојпат како противнички играч.

Навивачите на Баерн беа со различни емоции кога го пречекаа Левандовски. Кога Полјакот се појави на загревањето, најголемиот дел од фановите му аплаудираа и тој возврати на ист начин.

Кога официјалниот спикер ги кажуваше имињата на сите фудбалери, кога се спомна името на Роберт Левандовски имаше и такви кои свиреа и негодуваа, но поголем дел од навивачите го поздравија својот неодамнешен миленик.

Левандовски за Баерн одигра вкупно 375 меча, во кои постигна 344 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести