Аркадиуш Милик е првиот фудбалер кој се запиша во листата на стрелци во мечевите од ЛШ кои почнаа во 21 часот.
Полјакот му донесе рано водство на Јувентус против Бенфика во важен меч помеѓу два тима кои се борат за место во осминафиналето, најверојатно како втори во својата група со која прв фаворит е ПСЖ.
Инаку, љубителите на спортот во Полска имаат и друга причина за задоволство, нивната кошаркарска репрезентација има убедлива предност од 19 поени разлика по првото полувреме против актуелниот шампион Словенија, и има добри шанси да се најде во полуфинале на Евробаскетот.
Ова е голот на Милик со кој Старата дама поведе против лисабонските Орли:
https://twitter.com/i/status/1570127124417376257