Полска приреди огромно изненадување со победата од 90-87 над Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот и ќе игра против Франција за влез во финалето.
Полјаците го шокираа актуелниот европски првак во првото полувреме со водството од 19 поени разлика, но како да се исплашија, па Словенија во третата четвртина, која ја доби со 24-6, целосно се врати во игра.
Но, Словенците не продолжија во истиот ритам уште долго, во последните минути Полска „воскресна“ и повторно си го врати водството, се ослободи од притисокот, а збунетите Словенци грешеа и на крајот со спуштени глави си заминаа од салата во Берлин.