Зјелински утна два пенали, Наполи на време го смени изведувачот на најстрогата казна и поведе

Наполи води со 1-0 на гостувањето кај Ренџерс во Глазгов, со гол на Матео Политано од пенал. Интересното е што Наполитанците можеа да поведат и порано, но Пјотр Зјелински утна два пенали.

Најпрвин промаши, па одбиената топка Политано ја смести во гол, но судиите не го признаа голот, туку го повторија пеналот. И во повторениот обид, голманот на Шкотите му го одбрани шутот на Зјелински.

Потоа беше досуден уште еден пенал за италијанскиот тим, овојпат топката ја зеде Политано, а тој го реализира ударот од 11 метри.

- Оглас -

Најнови вести